Житија на Светителите – 2 тома
1,600 ден Original price was: 1,600 ден.1,500 денCurrent price is: 1,500 ден.
📖Секогаш се прашував како може некој да стане светител и која особина ги прави приемчиви за Божјата благодат. Еден ден, отидов кај старец Пајсиј и го прашав:
„Со што светителите толку се разликуваат од нас, па поради тоа ја примаат Божјата благодат?“
„Нашите светители поседуваат Божествена правда наместо човечка“, ми одговори.
„А што е божествена правда?“ – повторно прашав.
Вака ми објасни: „Замисли двајца седат на маса и пред нив има сад со десет кајсии. Ако еден од нив лакомо изеде седум кајсии, а на братот му остави само три, тој е нечесен кон братот, ете тоа е неправда. А ако рече: ’Имаме десет кајсии, а ние сме двајца, значи имаме по пет‘, и потоа да изеде пет кајсии, тој применува човечка правда. Поради тоа често одиме на суд во потрага за човечка правда. Но, ако човекот сфати дека неговиот пријател многу сака кајсии, ќе се преправа дека не му се допаѓаат и ќе изеде само една, велејќи: ’Те молам, земи ги сите овие кајсии, јас не ги сакам. Всушност, ме боли стомакот и не сакам повеќе да јадам‘. Таквиот човек поседува Божествена правда и повеќе сака по човечките мерила да биде неправеден кон себе и да се жртвува за да биде награден со Божја благодат, која обилно ќе се излие на него.
✒️Овие житија се во скратен вид за да ги читаат побожните христијани за своја поука и да земаат примери од животот на светителите – секому според дарбата дадена од Бога, како што кажува св. апостол Павле.
Житијата на светите треба да се читаат не како обична книга, туку со побожност и вера, како што ги читаме книгите од Светото Писмо.
Тогаш читателот ќе има корист и душеспасоносно дејство.
🏷Житија на светителите 1 дел – 800 ден✔
🏷Житија на светителите 2 дел – 800 ден✔
🏷Житија на светителите 1 и дел – 1500 ден✔
⏳број на страни од 338+388
за нарачки:
📩 инбокс
📲078222189