„Тоа е Долината на стравот, Долината на смртта. Неискажлив страв од самрак до зори е вгнезден во срцата на луѓето. Почекајте, момче, и самиот ќе се уверите.“ Шерлок Холмс е заинтригиран и вознемирен кога ќе прими една злокобна кодирана порака: господинот Даглас од дворецот во Бирлстоун е во смртна опасност. Но, пред Холмс да успее да стори нешто, пристигнуваат шокантни вести. Даглас е пронајден мртов. Главата му е разнесена со сачмарка. Скотланд Јард е збунет: дали се работи за самоубиство или за убиство? Но, според Холмс, нема никакво сомнение дека случајот е убиство, затоа што кодираната порака е испратена од човекот под псевдоним Порлок, еден од агентите на вечниот непријател на Холмс, професорот Моријарти.
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.