Facebook Pixel

КНИГА ШТО САКАТЕ ДА ЈА ПРОЧИТААТ ВАШИТЕ САКАНИ а можеби и неколкумина други

Мек повез

i

Број на страни: 170

Димензии: 14 × 21 cm

ISBN13: 9786082309873

400 ден

Животот во најголема мера зависи од поврзаноста меѓу луѓето и од квалитетот на врските – семејни, партнерски, пријателски... А најважна меѓу нив е поврзаноста со себеси. Ако изградите здрава и функционална врска со самите себе и со светот, тогаш сите останати нешта во животот стануваат полесни за справување. Чувството на поврзаност со другите, па дури и со идеите, предметите или околината, е дел од вистинското човекување.

Со здрава доза на обмисленост, советите на Филипа Пери ќе ви помогнат да станете поздрава и поразумна личност и ќе ви дадат одговори на многу прашања: Како да ја пронајдете и одржувате љубовта? Што можете да направите за да се справите со секојдневните конфликти? Како можете да се одглавите кога се чувствувате изгубено? Низ долгогодишната пракса, Филипа Пери дошла до сознание за многу современи празнини и дилеми. Секоја личност е единствена, а прашањата на животот се многу конкретни, но сепак, постојат обрасци и заеднички карактеристики и на секое прашање може да се применат некои општи мудрости и техники.

Оваа книга изобилува токму со такви практични прашања и одговори. „Мудар придружник за сите животни предизвици.“ Киркус ривјус

Дополнителни информации

Димензии 14 × 21 cm
Автор

Издавач

Јазик

Pin It on Pinterest

Share This
Кошничка
Вашата кошничка е празна.

Изгледа сè уште не сте направиле избор.