Кога лекциите по хемија се лекции за животот Хемичарката Елизабет Зот не е обична жена. Таа не е само убава туку е и исклучително умна, талентирана и без влакна на јазикот – неприфатлива комбинација во машкиот свет на 60-тите години, кога од жената се очекува да биде мајка и домаќинка. Дури и нејзините колеги од истражувачкиот институт „Хејстингс“ ѝ го оспоруваат талентот и го користат за сопствен престиж. Само еден од нив е поинаков – осамениот Калвин Еванс, блескав хемичар кој се вљубува во Елизабет токму заради нејзиниот остар ум. Заемната привлечност е неоспорна –вистинска хемиска реакција. Елизабет Зот во оваа возбудлива приказна ќе нè насмее и ќе нè расплаче, но и ќе нè охрабри да сфатиме дека ништо не е невозможно. „Искрив и возбудлив, длабок и забавен, со ликови што лесно ќе ги засакате.“ Сандеј тајмс
Дополнителни информации
Димензии | 14 × 21 cm |
---|---|
Автор | |
Издавач | |
Јазик |
Достава
Цената за достава на вашата пратка изнесува 100 денари во земјата и 1500 ден за други земји.
Нудиме бесплатна достава во земјата за нарачки над 3000 денари.