Тајната на Александар Македонски

Мек повез

i

Број на страни: 552

600 ден

Гулчук раска­жу­ва детално, педантно и непристрасно, корис­теј­ќи прилично богата факто­гра­фија за животот и за делото на најго­ле­миот војсководец на сите времиња – Александар Македонски. Светот го знае како ученик на Аристотел, цар на Македонија, голем воен стратег, најпознат завојувач којшто мечтаел да владее со сите народи што ја населуваат Земјата, како човек што никогаш не отстапувал од своите замисли, но во овај роман Александар Македонски е претставен и од помалку позна­ти аспекти, без глорифицирање на неговите подвизи и на неговата величина. Гулчук раскажува дека само еднаш се изневерил себеси.

И тоа станало негова историска трагедија и голема тајна. Таа ни нуди комплексна и детална приказна за големата историска личност, а во овој историски, љубовно-аван­туристички, па и криминалистички роман се раскажува и за прекрасни жени, за доблесни мажи, за силни страсни чувства, за чувството воспеано од поетите на сите времиња и народи – љубовта.

Дополнителни информации

Автор

Pin It on Pinterest

Share This
Кошничка