belo_crven_svet

Бело-црвен свет

„Бело-црвен свет“ е возбудлив и луцидно напишан роман, набиен со многу енергија и црн хумор, кој ја открива мрачната слика на посткомунистичка Полска во која младите без образование и работа талкаат низ работничките гратчиња на Балтикот, каде единствени случувања се сексот, дрогата и конфликтите со Русите. Главниот јунак, Анджеј „Силниот“ Робаковски, е пандан на Селинџеровиот јунак од „Ловец во ’ржта“. Кога ќе го остави девојката во која е вљубен, тој го бара спасот од очајот во дрогата и сексот. Под превезот на класичната љубовна приказна се крие жесток бунт против општеството заробено меѓу Истокот и Западот, во кое капитализмот ги обезличува луѓето и ги претвора човечките врски во стока за широка потрошувачка.

Романот-првенец на Дорота Масловска е силен портрет на љубовта, безнадежноста и политичката реалност на Источна Европа. Веднаш по објавувањето стекна култен статус во Полска и ја смести Масловска меѓу највлијателните литературни гласови на европската културна сцена.

Брз и мошне збиен, роман што изобилува со бои, крајно несекојдневен… Веднаш се забележуваат сличности со Кафка, Гомбрович и Гедис. Ноје цирихер цајтунг

320 ден

Автор: Дорота Масловска
Издавач: Три
Димензии: 14*21 cm
Тежина: 210 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber