Degrad

Деград

Васил Георгиев влегува во кругот на најинтересните бугарски автори на кратки раскази во последниве дваесет години, „мудрец меѓу бугарските писатели“. Темите во расказите се разновидни, варираат од длабок андерграунд до политичка социјална проза, а според расположението, од романтичен реализам до брутален постмодерен експеримент, со изненадувачки и апсурдни сижеа и пресврти.

Објавувањето на збирката раскази Деград се вбројува меѓу најважните литературни настани во Бугарија во 2011 година, кога ја добива наградата „Хеликон“.

Расказите на Георгиев тргнуваат од една препознатлива реалност за да најдат некоја нејзина необична перспектива. Георгиев ја комбинира реалноста и фикцијата, препознатливи типични ликови се среќаваат со откачени ексцентрици. Хуморот е непосреден и директен, но не површен, туку најчесто интелектуален. Расказите се одредени со силен урбан сензибилитет, писателот го гледа градот како место за средба каде што се случуваат парадоксите на постоењето.

210 ден

Автор: Васил Георгиев
Издавач: Магор
Димензии: 130*19,5 cm
Тежина: 130 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber