Амаруши
210 ден
Ведрана Рудан е еден од најинтригантните гласови во современата хрватска литература, позната по своите контроверзни и смели ставови поврзани со горливите општествени прашања. Пишува концизно, остро, духовито, без влакна на јазикот.
Романот Амаруши е објавен во 2013 година. Насловот реферира на името на четиригодишното девојче преку чија перспектива се согледуваат сите дејствија во романот – „да се сака“ и „да се руши“. Овие два елементи – љубовта и уништувањето – се клучни за човечките односи и заплетот врз кои се засновува романот.
Целиот роман е напишан во дијалог. Девојчето е еден вид катализатор на раскажаните настани, набљудувач на големиот свет исполнет со трагикомични односи, бизарни ситуации и горчлив цинизам.
Остра вивисекција на современото хрватско семејство видено од очите на едно мало девојче.
Рудан пишува остро и бескомпромисно, делумно и вулгарно, и притоа убедливо го прикажува животот во транзицијата…
Младина