ИЗГУБЕНИ ГЕРМАНЦИ

Овој текст е базиран на вистинска приказна. По Вто- рата светска војна, во Југославија, од високи инстан- ции од Белград, во Македонија доаѓа строго довер- лива команда до инстанциите: да се испратат луѓе и голема механизација во напуштен стар рудник, на тромеѓето помеѓу Југославија, Грција и Бугарија. На- редбава е малку чудна бидејќи целото локално населе- ние знае дека рудникот го напуштиле некои Францу- зи, уште во 18 век. Копај, копај – ништо. Прашањето е зошто ваква чудна наредба? Одговорот е во архивите на берлинскиот рајхстаг. Разузнавачките служби на сојузниците, по паѓањето на Хитлеровата Вајмарска Република/Третиот Рајх, успеваат да најдат крајно пе- дантно архивирана документација која докажува дека рудникот работел за време на војната. И дека оствару- вал големи приходи. Кој да се сомнева во гeрманската прецизност!

Што се случило?

Некој од важните и влијателни индустријалци и офи- цери блиски до Хитлер, за да ги тргнат своите деца од виорот на војната, измислуваат рудник во којшто нивните синови не копаат ништо, а тие го плаќаат, во Берлин, тоа што не е ископано.

Се случува во 1944 година, во стар рудник, внатре и надвор.

ЛИЦА:

МАРИЈА ЛИЛИ МАРЛЕН ДИТРИХ, фина ра- ботничка

АДОЛФ, политички десно ориентиран, има лош став кон Евреите, погрешен

БЕНЈАМИН, орфеевски геј-ориентиран, не го ин- тересира политика, го интересира Кристијан

OTO, слепо наци-ориентиран. ; има проблеми со кучето и со други супстанции

КРИСТИЈАН, лево ориентиран, склон кон анархокомунистички идеи, грас и слично

ВИНЧЕНЦО, футуристички изгубен Италијанец, учи германски

РИК, Афроамериканец, универзален дилер ТИТО, кучето….

РАДИО, SOLDATENSENDER BELGRAD / Војничко радио Белград.


август 1944 година Кујната
Отo и Тито

Ото…

СЦЕНА 1

ОТО

Седи. (Пауза) Седи. (Пауза) Седи. (Пауза) Стој, пизда ти материна!(Пауза) Кога си глуп. (Пауза) Глуп. (Па- уза) Глуп.

(Влегува Винченцо. Пауза)

ВИНЧЕНЦО

Хајл Хитлер!

ОТО
Хајл Хитлер. Глуп. (Пауза) Седи. (Пауза) Седи.

ВИНЧЕНЦО

Пауза

Глуп. Oтo. Седи. Ото.

OTO ВИНЧЕНЦО OTO ВИНЧЕНЦО OTO

Глуп е. Тотално е глуп! ВИНЧЕНЦО

Che cazzo, глуп? Пушти куче…

OTO

Не е глуп. Разбира. Сè разбира… Се прави. Глумец… Кларк Гебл… (Пауза)
Гари Купер… (Пауза) Рудолф Валентино… (Пауза) Седи, Рудолфе! Седи!

12

Porca puttana!

Влегува Адолф.

Хајл Хитлер!

Хајл Хитлер.

Нога.

ВИНЧЕНЦО

АДОЛФ СИТЕ OTO ВИНЧЕНЦО

Малтретира куче… Малтретира недужно куче… Мир- но куче…

Нога!

ОТО АДОЛФ

Ото. (Пауза) Ото!
ВИНЧЕНЦО

Адолф. Un momento… (Оди до кучето.) Seduto! (Пау- 13

за) A cuccia! (Пауза) Bravo cane. Bravo. Bello di casa. Bello… Bello…

ОТО

Аха! (Пауза)
Ете… Мене ме заебава. Пик… Ми има удрено пик!

АДОЛФ Што си се фатил со кучето?

OTO

Ја сум се фатил со кучето? Гледаш дека ме заебава. Не разбира германски! Не разбира германски?!

Oтo!

АДОЛФ

OTO

Што, Ото? Што? Разбира. Сè разбира…. Сака да ме нервира… Не разбира германски. Ма немој, молим те. (Лае) И ова не разбира? И ова не разбираш? (Лае)

ВИНЧЕНЦО Влегува Кристијан. Ото лае.

Madonna mia…

Oто! Oтo, пак?

АДОЛФ

КРИСТИЈАН

АДОЛФ Се фиксира на кучето.

КРИСТИЈАН Од печурките му е.

ВИНЧЕНЦО
Oтo… Не дискутирај со куче… Дај му да јаде.

OTO

Да јаде, да му дадам? Да јаде? Душата да му ја дадам? Џигерот ми го изеде… Знаеш за што се работи? За што станува збор? За антифашизам. Чист анти… наци… наци… онализам… анти!

КРИСТИЈАН Анти, така е… Браво, Ото…

OTO Антинацистички задоена џукела!

Браво…

OTO Знаеш како му е право име?

Како?

КРИСТИЈАН OTO

КРИСТИЈАН

Тито! Тито му е право име. (Пауза) Тито! (Пауза) Тито! Тито, нога! Нога, Тито!

АДОЛФ OTO АДОЛФ

ОТО

Па, нормално. Нормално дека не реагира. Ќе се издаде ако реагира. Џукела бандитска…

249 ден

Автор: Дејан Дуковски
Издавач: Икона
Димензии: 152стр. 13х20 cm
Тежина: 150 гр.
ОПИС

Овој текст е базиран на вистинска приказна. По Втората светска војна, во Југославија, од високи инстанции од Белград, во Македонија доаѓа строго доверлива команда до инстанциите: да се испратат луѓе и голема механизација во напуштен стар рудник, на тромеѓето помеѓу Југославија, Грција и Бугарија. Наредбава е малку чудна бидејќи целото локално население знае дека рудникот го напуштиле некои Французи, уште во 18 век. Копај, копај – ништо. Прашањето е зошто ваква чудна наредба? Одговорот е во архивите на берлинскиот рајхстаг. Разузнавачките служби на сојузниците, по паѓањето на Хитлеровата Вајмарска Република/Третиот Рајх, успеваат да најдат крајно педантно архивирана документација која докажува дека рудникот работел за време на војната. И дека остварувал големи приходи. Кој да се сомнева во гeрманската прецизност!

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber