fbpx
Книготека Икона
Избери Категорија
  • Избери Категорија
  • Romance
  • Non-fiction
  • Uncategorized
  • Fantasy
  • ЛЕТО 2022
  • Teen
  • Книги
    • Француски
    • Германски
    • Италијански
    • Шпански
    • Македонски
      • Белетристика
        • Раскази
        • Класици
        • Хумор
        • Трилер
        • Современи
        • Романтика
        • Фантастика
        • Драми
        • Поезија
      • Детски
        • Илустрирани книги на англиски
        • 0-5 години
        • 6-12 години
      • Публицистика
        • Теологија
        • Економија
        • Креативни
        • Уметност
        • Медицина
        • Психологија и Филозофија
        • Есеи
        • Личен развој
        • Биографии
      • Тинејџерски
        • Романтика за тинејџери
        • Мистерија за тинејџери
    • Англиски
  • ГИФТ ПРОГРАМА
    • T-shirts
  • Подароци
    • Свеќи
    • Несесери
    • Нотеси
    • Брошеви
    • Постери
    • Папки
    • Торби
    • Паричник
    • Привезоци
    • Порцеланска Шолја
    • Џебни огледала
    • Ранци
    • Обележувач за страни
    • Ретро постери
    •  Подметачи за чаши
  • Economy
  • ИГРАЧКИ
    • Бебешки играчки
    • Сложувалки
    • Фигури
      • Диносауруси
      • Миниони
      • Штрумфови
      • Gorjuss
      • Kung Fu Panda
      • Bob The Builder
      • Pocoyo
      • Peppa Pig
      • Shimmer & Shine
      • Shrek
      • Life like reptiles
      • Spiderman
      • Sponge Bob
      • Ninja Turtles
      • The Color Monster
      • Пчеличката Маја
      • Water Growing Egg
    • Едукативни и Креативни Сетови
    • Друштвени игри
  • ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ
  • Self-help
  • Акции
    • Пакет понуди
    • Саеми
  • Biography
  • Ново
  • Science of medicine
  • МИСТЕРИЈА
  • Drama
  • 6-12 г. англиски
  • 0-5 years
  • Humour
  • 6-12 years
  • Contemporary & Classics
  • Psychology, philosophy & theology
  • Short Story
  • Thriller
  • Poetry
Login / Register
0 items 0 ден
Мени
Книготека Икона Книготека Икона
0 items 0 ден
  • Книги
    • Македонски
      • Белетристика
        • Трилер
        • Романтика
        • Фантастика
        • Раскази
        • Класици
        • Современи
        • Поезија
        • Драми
        • Хумор
      • Публицистика
        • Психологија и Филозофија
        • Теологија
        • Личен развој
        • Уметност
        • Економија
        • Биографии
        • Есеи
        • Креативни
        • Медицина
      • Тинејџерски
        • Романтика за тинејџери
        • Мистерија за тинејџери
      • Детски
        • 0-5 години
        • 6-12 години
        • 6-12 г. англиски
        • Илустрирани книги на англиски
    • Англиски
      • Non-fiction
        • Psychology, philosophy & theology
        • Self-help
        • Economy
        • Biography
      • Teen
    • Француски
    • Италијански
    • Германски
    • Шпански
  • Играчки
    • Бебешки играчки
    • Друштвени игри
    • Едукативни и Креативни Сетови
    • Сложувалки
    • Фигури
  • Подароци
    • Нотеси
    • Постери
    • Ретро постери
    • Брошеви
    • Обележувач за страни
    • Привезоци
    • Свеќи
    • Несесери
    • Паричник
    •  Подметачи за чаши
    • Порцеланска Шолја
    • Ранци
    • Папки
    • Торби
    • Џебни огледала
  • Акции
    • Пакет понуди
  • Иконопедија
Насловна Продавница Книги Македонски Детски 6-12 години СО РАЃАЊЕТО НА ЈАКОВ СЕ СЕ СМЕНИ
ЖИВОТ БЕЗ ИМЕ 599 ден
Назад кон производи
ИЗГУБЕНИ ГЕРМАНЦИ 249 ден

СО РАЃАЊЕТО НА ЈАКОВ СЕ СЕ СМЕНИ

359 ден

Глава 1

Можно е сега да сме го пребродиле најтешкото. Но ќе видиме како работите ќе се одвиваат во следниот период. Всушност, сите сме големи оптимисти.

Морам да почнам речиси на самиот почеток од на- шата приказна. Пред околу единаесет и пол години, кога кај нас работите си течеа исто онака како и кај повеќето други луѓе. Тогаш јас имав единаесет, а Гуси имаше три години и мама тогаш подолго време збору- ваше дека кога Гуси ќе има четири години, наутро ќе оди в градинка и дека таа, фала му на Бога, тогаш ќе има повторно малку повеќе време за себе.

„Одлично”, рече тате. „Тоа сигурно за сите нас ќе биде добро”.

„Што значи тоа?”, праша мама, а нејзиниот глас звучеше нервозно. „Да не се надеваш дека тогаш ќе имам повеќе време за чистење и готвење? Мислиш оти тогаш одеднаш ќе добиеш подобра домаќинка во куќата?”

„Глупости”, рече тате и ја гушна мама. „Ми се до- паѓаш таква каква што си, драга моја!”

„Па тоа е прекрасно”, рече мама и се оттргна од прегратките на тате. Потоа со гласно тропотење почна да ја раскрева масата со појадокот.

Можеби разговорот ќе продолжеше и понатаму, но тогаш повторно нешто се случи со Гуси, тој беше за- ковал шајка во ормарот во ходникот или си ги потфа- тил прстите во камиончето или сторил нешто друго

5

што вообичаено го прават тригодишните момчиња. Во секој случај тогаш разговорот заврши. Во следни- те денови требаше да забележам нешто невообичаено кај мама. Кога човек ќе посакаше да зборува со неа таа понекогаш не слушаше добро, а потоа одеднаш и моите чевли не беа исчистени. Секако, постојат чевли кај кои тоа е сосема сеедно, но јас штотуку добив нови чизми, а тие мораа да бидат малку посјајни и тоа £ го кажав и на мама. „Е, така ли”, рече мама. „Добро е што самата имаш две раце, драга Неле. Приборот за чистење чевли е во претсобјето”.

Неколку дена подоцна таа почна да ме подучува како се лупат компири. А кутриот Гуси одеднаш тре- баше да научи да врзува панделка.

Бездруго сите ќе станевме сомничави, ако оваа со- стојба продолжеше подолго време, но тогаш, сама од себе, на мама £ се одврза јазикот.

„Јас повторно сакам да одам на работа”, рече таа. Во тој миг ние седевме на вечера и тате штотуку ја беше пофалил маринираната харинга на мама. „Како тебе не готви никој”, рече тој. Тоа тој секогаш го ка- жуваше.

„Сакаш ли нешто?”, праша сега тате и престана да лупи ананас што беше за десерт.

„Да работам”, рече мама. „Повторно сакам да одам на работа”. Можеше да се види дека таа навистина имаше тешкотии тоа да го каже. Околу устата сосема пребледе, а раката со виљушката £ трепереше.

„Да”, рече тате. Тој изгледаше замислено. Потоа кимна со главата.

„Се разбира. Кога Гуси ќе оди в градинка – мислиш да работиш половина работно време, нели?”

„Не половина работно време”, рече мама. „Туку 6

вистински да работам”. Таа голтна. „Па ти си поплад- не дома”.

Тоа беше точно. Како наставник тате најчесто се враќаше дома во два и пол часот. Освен кога имаше состаноци, се разбира, но тоа не се случуваше толку често.

„Добро знаеш дека седам на работната маса”, рече тате. „Јас не безделничам попладне!” Звучеше налу- тено.

Потоа тој ја стави раката на рамото на мама. „Ми- слам дека е добро повторно да одиш на работа, мила моја. Но, зарем не може на почетокот да работиш само претпладне? Само неколку години додека Гуси не по- расне малку”.

Тате тоа го кажа мошне мило, а тоа беше и сосема разумно. Но, и покрај тоа мама нишаше со главата.

„Денес направивме пештера!”, рече Гуси. „Под скалите во визбата!”

„Убаво”, рече тате и му даде на Гуси парче ананас. „А зошто да не?”

Тоа, секако, беше прашање упатено до мама.

И тогаш мама почна да раскажува, а потоа нам не ни преостана ништо друго освен да се согласиме со неа. Сите освен Гуси, се разбира, зашто тој и онака не разбираше ништо.

Додека не се роди Гуси, мама постојано работеше, во правниот оддел на градежната служба, каде испи- туваат дали некој некаде смее да гради куќа или мост и дали за тоа во законот постојат некакви пречки.

Всушност, мама сакаше да стане судијка во судот за млади лица, каде доаѓаат момчиња, кои провалиле возила или ограбиле продавница за електрични апара- ти. Тоа сигурно ќе беше поинтересно, отколку човек

7

само да испитува дали некоја куќа смее да биде широ- ка седум метри и дваесет сантиметри. Меѓутоа, тогаш мама го запознала тате и јас наскоро сум се родила, па таа не можеше повеќе успешно да ги полага испитите бидејќи покрај тоа мораше да го храни и повива сво- ето бебе.

Потоа таа го прифати работното место во градеж- ната установа и работата £ причинуваше дури и задо- волство. С¢ додека не се роди Гуси. Тогаш таа преста- на да оди на работа зашто сепак со две деца тоа ќе £ беше премногу.

Но, доколку сега би чекала уште подолго, рече мама, тогаш за кусо време и не би можела воопшто повторно да почне да работи. Тогаш, всушност, би заборавила с¢, а освен тоа се менуваат и работните методи, па ете, уште сега се плаши од тоа. Тогаш таа како некоја глупава стара жена би седела меѓу многуте умни млади мажи, кои би знаеле с¢ подобро од неа.

Мама не сакаше тоа да се случи.

„Е, да”, рече тате, играјќи си со својот нож. Тој не изгледаше многу среќен. „Но, за децата би било по- добро кога би можела да почекаш уште неколку годи- ни…”

„Да почекам?”, рече мама и тресна со својата шо- лја на масата. „Знаеш ли колку години имам?”

Тоа тате, секако, го знаеше. На крајот на краиштата и тој имаше исто толку години. Всушност, и тој многу сакаше мама повторно да оди на работа, но само беше изненаден исто како и јас. Ние сите толку многу се навикнавме на тоа мама секогаш да биде тука и да ги завршува сите работи.

SKU: 9786082210704 Категории Македонски, 6-12 години, Белетристика, Книги Ознаки: детски роман, Семејство, Тинејџ, Интимност за тинејџери
Share:
  • ОПИС
ОПИС

Неле има дванаесет години и за првпат е вљубена. И тоа во Оливер, момче од нејзиното одделение, но се чини како тој воопшто да не го забележува тоа. Меѓутоа, Неле е сосема сигурна дека и Оливер ја сака, зашто таквите работи едноставно се чувствуваат, а освен тоа и самите нејзини чувства неа не можат да ја излажат.

Но, Неле има уште еден проблем кој не започнува со буквата „О“, туку со „Ј“ како Јакоб. Откако се роди Јакоб, дома ништо веќе не е како порано. Гуси се чувствува запоставено, а мама и тато си ги заменија улогите. За Неле тоа е навистина срамно. Секако дека и во други семејства постојат мајки кои се вработени, но зарем постојат татковци кои се грижат за домот?

Глава 1

Можно е сега да сме го пребродиле најтешкото. Но ќе видиме како работите ќе се одвиваат во следниот период. Всушност, сите сме големи оптимисти.

Морам да почнам речиси на самиот почеток од нашата приказна. Пред околу единаесет и пол години, кога кај нас работите си течеа исто онака како и кај повеќето други луѓе. Тогаш јас имав единаесет, а Гуси имаше три години и мама тогаш подолго време зборуваше дека кога Гуси ќе има четири години, наутро ќе оди в градинка и дека таа, фала му на Бога, тогаш ќе има повторно малку повеќе време за себе.

„Одлично”, рече тате. „Тоа сигурно за сите нас ќе биде добро”.

„Што значи тоа?”, праша мама, а нејзиниот глас звучеше нервозно. „Да не се надеваш дека тогаш ќе имам повеќе време за чистење и готвење? Мислиш оти тогаш одеднаш ќе добиеш подобра домаќинка во куќата?”

„Глупости”, рече тате и ја гушна мама. „Ми се допаѓаш таква каква што си, драга моја!”

„Па тоа е прекрасно”, рече мама и се оттргна од прегратките на тате. Потоа со гласно тропотење почна да ја раскрева масата со појадокот.

Можеби разговорот ќе продолжеше и понатаму, но тогаш повторно нешто се случи со Гуси, тој беше заковал шајка во ормарот во ходникот или си ги потфа- тил прстите во камиончето или сторил нешто друго што вообичаено го прават тригодишните момчиња. Во секој случај тогаш разговорот заврши. Во следни- те денови требаше да забележам нешто невообичаено кај мама. Кога човек ќе посакаше да зборува со неа таа понекогаш не слушаше добро, а потоа одеднаш и моите чевли не беа исчистени. Секако, постојат чевли кај кои тоа е сосема сеедно, но јас штотуку добив нови чизми, а тие мораа да бидат малку посјајни и тоа £ го кажав и на мама. „Е, така ли”, рече мама. „Добро е што самата имаш две раце, драга Неле. Приборот за чистење чевли е во претсобјето”.

Неколку дена подоцна таа почна да ме подучува како се лупат компири. А кутриот Гуси одеднаш требаше да научи да врзува панделка.

Бездруго сите ќе станевме сомничави, ако оваа состојба продолжеше подолго време, но тогаш, сама од себе, на мама £ се одврза јазикот.

„Јас повторно сакам да одам на работа”, рече таа. Во тој миг ние седевме на вечера и тате штотуку ја беше пофалил маринираната харинга на мама. „Како тебе не готви никој”, рече тој. Тоа тој секогаш го ка- жуваше.

„Сакаш ли нешто?”, праша сега тате и престана да лупи ананас што беше за десерт.

„Да работам”, рече мама. „Повторно сакам да одам на работа”. Можеше да се види дека таа навистина имаше тешкотии тоа да го каже. Околу устата сосема пребледе, а раката со виљушката £ трепереше.

„Да”, рече тате. Тој изгледаше замислено. Потоа кимна со главата.

„Се разбира. Кога Гуси ќе оди в градинка – мислиш да работиш половина работно време, нели?”

„Не половина работно време”, рече мама. „Туку вистински да работам”. Таа голтна. „Па ти си попла не дома”.

Тоа беше точно. Како наставник тате најчесто се враќаше дома во два и пол часот. Освен кога имаше состаноци, се разбира, но тоа не се случуваше толку често.

„Добро знаеш дека седам на работната маса”, рече тате. „Јас не безделничам попладне!” Звучеше налу- тено.

Потоа тој ја стави раката на рамото на мама. „Ми- слам дека е добро повторно да одиш на работа, мила моја. Но, зарем не може на почетокот да работиш само претпладне? Само неколку години додека Гуси не по- расне малку”.

Тате тоа го кажа мошне мило, а тоа беше и сосема разумно. Но, и покрај тоа мама нишаше со главата.

„Денес направивме пештера!”, рече Гуси. „Под скалите во визбата!”

„Убаво”, рече тате и му даде на Гуси парче ананас. „А зошто да не?”

Тоа, секако, беше прашање упатено до мама.

И тогаш мама почна да раскажува, а потоа нам не ни преостана ништо друго освен да се согласиме со неа. Сите освен Гуси, се разбира, зашто тој и онака не разбираше ништо.

Додека не се роди Гуси, мама постојано работеше, во правниот оддел на градежната служба, каде испи- туваат дали некој некаде смее да гради куќа или мост и дали за тоа во законот постојат некакви пречки.

Всушност, мама сакаше да стане судијка во судот за млади лица, каде доаѓаат момчиња, кои провалиле возила или ограбиле продавница за електрични апарати. Тоа сигурно ќе беше поинтересно, отколку човек само да испитува дали некоја куќа смее да биде широ- ка седум метри и дваесет сантиметри. Меѓутоа, тогаш мама го запознала тате и јас наскоро сум се родила, па таа не можеше повеќе успешно да ги полага испитите бидејќи покрај тоа мораше да го храни и повива своето бебе.

Потоа таа го прифати работното место во градежната установа и работата ѝ причинуваше дури и задоволство. С¢ додека не се роди Гуси. Тогаш таа престана да оди на работа зашто сепак со две деца тоа ќе ѝ беше премногу.

Но, доколку сега би чекала уште подолго, рече мама, тогаш за кусо време и не би можела воопшто повторно да почне да работи. Тогаш, всушност, би заборавила с¢, а освен тоа се менуваат и работните методи, па ете, уште сега се плаши од тоа. Тогаш таа како некоја глупава стара жена би седела меѓу многуте умни млади мажи, кои би знаеле с¢ подобро од неа.

Мама не сакаше тоа да се случи.

„Е, да”, рече тате, играјќи си со својот нож. Тој не изгледаше многу среќен. „Но, за децата би било по- добро кога би можела да почекаш уште неколку години…”

„Да почекам?”, рече мама и тресна со својата шолја на масата. „Знаеш ли колку години имам?”

Тоа тате, секако, го знаеше. На крајот на краиштата и тој имаше исто толку години. Всушност, и тој многу сакаше мама повторно да оди на работа, но само беше изненаден исто како и јас. Ние сите толку многу се навикнавме на тоа мама секогаш да биде тука и да ги завршува сите работи.

Ви Препорачуваме

САХИБ – ИМПРЕСИИ ОД ДЕПРЕСИЈАТА

399 ден
Во Кошничка
поштарот секогаш ѕвони двапати

ПОШТАРОТ СЕКОГАШ SВОНИ ДВАПАТИ

449 ден
Во Кошничка

И КОЊИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАРЕМ НЕ?

399 ден
Во Кошничка

МОЛБА ЗА ЕРОС

399 ден
Во Кошничка
Книготека ИКОНА |
  • Книги
    • Македонски
      • Белетристика
        • Трилер
        • Романтика
        • Фантастика
        • Раскази
        • Класици
        • Современи
        • Поезија
        • Драми
        • Хумор
      • Публицистика
        • Психологија и Филозофија
        • Теологија
        • Личен развој
        • Уметност
        • Економија
        • Биографии
        • Есеи
        • Креативни
        • Медицина
      • Тинејџерски
        • Романтика за тинејџери
        • Мистерија за тинејџери
      • Детски
        • 0-5 години
        • 6-12 години
        • 6-12 г. англиски
        • Илустрирани книги на англиски
    • Англиски
      • Non-fiction
        • Psychology, philosophy & theology
        • Self-help
        • Economy
        • Biography
      • Teen
    • Француски
    • Италијански
    • Германски
    • Шпански
  • Играчки
    • Бебешки играчки
    • Друштвени игри
    • Едукативни и Креативни Сетови
    • Сложувалки
    • Фигури
  • Подароци
    • Нотеси
    • Постери
    • Ретро постери
    • Брошеви
    • Обележувач за страни
    • Привезоци
    • Свеќи
    • Несесери
    • Паричник
    •  Подметачи за чаши
    • Порцеланска Шолја
    • Ранци
    • Папки
    • Торби
    • Џебни огледала
  • Акции
    • Пакет понуди
  • Иконопедија
  • Login / Register
Кошничка
Затвори
Најава
Затвори

Заборавена лозинка

Немате профил?

Контактирајте не!
Facebook Instagram
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил