fbpx
Книготека Икона
Избери Категорија
  • Избери Категорија
  • Книги
    • Италијански
    • Шпански
    • Македонски
      • Детски
        • Илустрирани книги на англиски
        • 0-5 години
        • 6-12 години
      • Публицистика
        • Креативни
        • Уметност
        • Медицина
        • Психологија и Филозофија
        • Есеи
        • Личен развој
        • Биографии
        • Теологија
        • Економија
      • Тинејџерски
        • Романтика за тинејџери
        • Мистерија за тинејџери
      • Белетристика
        • Романтика
        • Фантастика
        • Драми
        • Поезија
        • Раскази
        • Класици
        • Хумор
        • Трилер
        • Современи
    • Англиски
    • Француски
    • Германски
  • ГИФТ ПРОГРАМА
    • T-shirts
  • Подароци
    • Торби
    • Паричник
    • Привезоци
    • Порцеланска Шолја
    • Џебни огледала
    • Ранци
    • Обележувач за страни
    • Ретро постери
    •  Подметачи за чаши
    • Свеќи
    • Несесери
    • Нотеси
    • Брошеви
    • Постери
    • Папки
  • Economy
  • ИГРАЧКИ
    • Фигури
      • Gorjuss
      • Kung Fu Panda
      • Bob The Builder
      • Pocoyo
      • Peppa Pig
      • Shimmer & Shine
      • Shrek
      • Life like reptiles
      • Spiderman
      • Sponge Bob
      • Ninja Turtles
      • The Color Monster
      • Пчеличката Маја
      • Water Growing Egg
      • Диносауруси
      • Миниони
      • Штрумфови
    • Едукативни и Креативни Сетови
    • Друштвени игри
    • Бебешки играчки
    • Сложувалки
  • ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ
  • Self-help
  • Акции
    • Пакет понуди
    • Саеми
  • Biography
  • Ново
  • Science of medicine
  • МИСТЕРИЈА
  • Drama
  • 6-12 г. англиски
  • 0-5 years
  • Humour
  • 6-12 years
  • Contemporary & Classics
  • Psychology, philosophy & theology
  • Short Story
  • Thriller
  • Poetry
  • Romance
  • Non-fiction
  • Uncategorized
  • Fantasy
  • ЛЕТО 2022
  • Teen
Login / Register
0 items 0 ден
Мени
Книготека Икона Книготека Икона
0 items 0 ден
  • Книги
    • Македонски
      • Белетристика
        • Трилер
        • Романтика
        • Фантастика
        • Раскази
        • Класици
        • Современи
        • Поезија
        • Драми
        • Хумор
      • Публицистика
        • Психологија и Филозофија
        • Теологија
        • Личен развој
        • Уметност
        • Економија
        • Биографии
        • Есеи
        • Креативни
        • Медицина
      • Тинејџерски
        • Романтика за тинејџери
        • Мистерија за тинејџери
      • Детски
        • 0-5 години
        • 6-12 години
        • 6-12 г. англиски
        • Илустрирани книги на англиски
    • Англиски
      • Non-fiction
        • Psychology, philosophy & theology
        • Self-help
        • Economy
        • Biography
      • Teen
    • Француски
    • Италијански
    • Германски
    • Шпански
  • Играчки
    • Бебешки играчки
    • Друштвени игри
    • Едукативни и Креативни Сетови
    • Сложувалки
    • Фигури
  • Подароци
    • Нотеси
    • Постери
    • Ретро постери
    • Брошеви
    • Обележувач за страни
    • Привезоци
    • Свеќи
    • Несесери
    • Паричник
    •  Подметачи за чаши
    • Порцеланска Шолја
    • Ранци
    • Папки
    • Торби
    • Џебни огледала
  • Акции
    • Пакет понуди
  • Иконопедија
Насловна Продавница Книги Македонски Белетристика КОРМИЛАРОТ И НЕГОВАТА ЖЕНА
ТУРСКИ НАРОДНИ ПРИКАЗНИ 499 ден
Назад кон производи
ИЛУСТРИРАНА МАЈКА 559 ден

КОРМИЛАРОТ И НЕГОВАТА ЖЕНА

399 ден

Глава 1

На карпестиот јужен брег на Норвешка, покриен со борови, недалеку од питорескниот град Арендал, се издигнуваа белите ѕидови на светилниците наречени Голем и Мал Торунген, поставени на карпестите острови, секој на островот со соодветно име. Ако пловите покрај помалиот светилник, се чинеше, дека има простор само за кулата на светилникот и за куќата на светилничарот покрај кулата. Кога имаше бура, брановите силно удираа по ѕидовите, а орлите и морските птици ноќе често удираа во дебелото стакло и паѓаа мртви. Зиме, целата комуникација со осторовот беше пресечена, дали поради снежните наноси или мразот, не беше возможно да се пројде ниту со чамец или пеш.

Овие и други бројни светилници покрај тие опасни брегови, се нови градби. Денес, многу луѓе можат да се присетат на времињата кога на ова крајбрежје, единствената светлина која се забележуваше беше од самите бранови. А капетанот кој плови покрај Оксо светилникот кај Кристиансанд може да се смета среќен, доколку го забележи светилникот Јомфруленд, покрај Крагеро.

Во годините пред да биде изграден светилникот на Малиот Торунген таму веќе имаше куќа, доколку може- ше да се нарече така. Задниот дел на градбата, до кровот беше потпрен на еден куп камења, така што изгледаше како да се навалува нанапред за да ја однесе бурата. Ни- ската влезна врата беше свртена кон копното, а двата мали прозорци гледаа кон морето и кон бродот, кој најчесто беше извлечен над линијата на морската трева.

Кога ќе влезевте во куќата или да кажеме попрецизно кога ќе зачекоревте надолу можеше да се забележи дека има повеќе простор отколку што би очекувале, а имаше и неколку парчиња многу интересен мебел, кој никој не би очекувал да го најде тука, под овој кров. Во аголот беше закачено старо тркало на вретеното, покриено со прав, од кое висеше парче волна, потемнета од чад. Од ова, а и од некои други детали, можеше да се заклучи дека некогаш во куќата била присутна жена и дека тоа парче волна е можеби последното нешто со кое се занимавала таа.

На клупата покрај огништето, седеше стар, осамен човек, со мрачна појава, бела коса која му паѓаше пре- ку ушите и вратот. Тој беше зафатен со некаква работа, а одвреме – навреме, ќе кажеше нешто гласно, како неговата животна сопатничка сѐ уште да го слушаше. Погледот откосо, преку очилата со рамки од месинг, со кој би го пречекал секој странец кој би дошол во куќата имаше малку добредојде, а изразот на неговото лице, со пропадната уста и остра брада, говореше дека тој некој веднаш треба да каже за што е дојден и да си за- мине веднаш. На старецот не му требаше друштво, а единствениот пат кога беше виден во црквата е кога во својот чамец довеслал до Тромо, носејќи го ковчегот со телото на неговата сопруга. Кога свештеникот фрлил земја врз ковчегот, насобраните луѓе забележале солзи како се слеваат по неговите образи, а по погребот тој долго во ноќта стоел на гробиштата, пред да си замине. Старецот стана познат по својата тврдоглавост надвор од местото на живѐње, а на луѓето коишто се обидуваа да се ценкаат со него околу рибата, често им го вртеше грбот и си заминуваше без збор.

Сѐ што знаеја за “Стариот Јакоб“, како што го на- рекуваа, е тоа дека некогаш бил кормилар и дека имал син кој пиел, а поради чија вина таткото ја загубил до- зволата, затоа што таткото ја преземал вината на синот врз себе. Оттогаш тој ги избегнуваше луѓето, а кога со сопругата се преселија на сегашното место на живѐње, тој се пензионираше. Подоцна неговиот син се удави, а тие ја земаа нивната внука да живѐ со нив, која сега беше единствен придружник на старецот. Изворите на приходи на старецот беа од поправката на чевли и од рибарењето, а уловот го продаваше на бродовите што пловеа покрај островот. Луѓето зборуваа дека старецот добиваше помош од неколкумина кормилари кои живѐја во областа, за да го одржува огнот на неговата земја за време на темните есенски ноќи и преку светлината која доаѓаше од двата прозорци на куќата, со што им помагаше да се ориентираат за време на ноќната пло- видба покрај брегот. Дали огнот беше запален во полза на кормиларите или во полза на шверцерските бродови, кои под закрила на ноќта го превезуваа својот илегален товар, тоа не беше негова работа. Како и да е, неговата пријателска помош не остануваше незабележана од последните споменати, па така, многу интересни подаро- ци во форма на бочви со алкохол, вреќи со кафе, тутун, храна и други намирници се појавуваа во куќата на старецот. Гледано во целост, тој го добиваше најдоброто од карпата на којашто живѐше. Но, во изминатите години, неговото здравје се влошуваше, па веќе не му беше лесно долго да весла до копното. Дури и во најдобрите денови имаше потешкотии да се качи на бродот, поради една стара повреда на нозете. Затоа тој сега најголемиот дел од денот го поминува- ше покрај огништето, облечен во своето палто од волна со кожени закрпи, работејќи нешто. Одвреме – навреме неговата внука, девојче со густа коса која ѝ паѓаше зад ушите, ќе влеташе во куќата заедно со кучето покрај себе и ќе донесеше свежина однадвор. Потоа, таа му помагаше да дојде до прозорецот, а тој се огласуваше како мечка истерана од дувлото, носејќи го надвор дурбинот. Таму ќе застанеа заедно за да може да се потпре на нејзиното рамо, постојано давајќи инструкции како да се поправи дурбинот, а девојчето даваше сѐ од себе да го намести стаклото на направата. Потоа неговото лошо расположение ќе исчезнеше во нивните нагаѓања каков брод би можел тоа да биде, а откога ќе го кажеше тоа што има да го каже, си заминуваше.

Тој беше многу горд на тоа колку беше умна неговата внука. Таа можеше да ги разликува бродовите со голо око исто како и со помош на дурбинот. Таа никогаш немаше направено грешка околу бродовите, било да се мали или големи, кои пловеа околу тој брег, а можеше и да каже кој капетан се наоѓа на бродот. Таа тврдеше дека нејзиниот вид е толку супериорен со таква тиранска нота, што дури и тој не се противеше, иако можеби ги создржуваше своите реакции и повеќе отколку што можеше да поднесе неговото трпение.

Како и да е, еден ден таа ја загуби играта. На бродот можеше да се види знаме со полумесечина, што за миг го зачуди дури и старецот, но тој веднаш кусо и одлучно рече дека тоа е “вараварин“.

Тоа ја задоволи нејзината љубопитност накусо. Но потоа таа праша:

„А што е тоа варварин дедо?“
„Тоа е Турчин”.
„Да, ама Турчин?“
„Ох! Тоа е мухамеданец…”.
“Што! …Мухаме…”. „Мухамеданец, крадец на бродот”. „На бродот!“

Тој не сакаше да се откаже од својата надмоќ во овој случај, иако таа настојуваше, па така се сети на неколку стари приказни и почна да ги раскажува сувопарно…

„Тие патуваат до Балтикот, во Русија за да го солат човечкото месо”.

„Човечко месо!“

„Да, и понекогаш тие грабаат бородови на отворено море и таму го солат месото”.

Таа го закова својот престрашен поглед на него, а тоа го натера старецот да продолжи:

„Тие се во потрага по малечки девојчиња. Тоа месо е најфино и со тони му се испраќа на големиот Турчин“.

Искористувајќи го својот последен адут, тој сакаше да продолжи со приказната, но го запре нејзиното не- стрпливо прашање:

„Дали тие имаат дурбин на бродот?“ А кога тој одго- вори потврдно, таа брзо се провна покрај него низ вра- тата и остана во куќата сѐ додека бродот можеше да се види низ прозорецот.

Нивното расположение беше сменето. Старецот из- гледаше многу задоволен од своите постапки, доде- ка таа беше тивка и исплашена. Одеднаш, таа извика луто:

„Но зошто кралот не се ослободи од нив? Ако јас бев капетан на боен брод, јас…”.

„Да, Елизабета, ако ти беше капетан на боен брод! Што тогаш?“

Беше очигледно дека сфаќањата на детето сѐ уште не можеа да одат толку далеку како што беше оваа тема. Таа имаше видено неколку човечки суштества додека растеше во изминатите години, а по смртта на баба ѝ, таа и дедо ѝ беа единствените постојани жители на ос- тровот. Одвреме – навреме ќе се појаваше по некој брод во некаква мисија, а неколкупати таа плаќаше за да оти- де на копното, во посета на нејзината тетка во Арендал. Дедо ѝ ја научи да чита и да пишува, ја читаше Библијата и книгата со псалми, како и книгата што ја имаа: „Подвизите на данските и норвешките поморски херои“, таа помалку или повеќе живѐше во светот на анегдотите на дедо ѝ, кои тој ги кажуваше во миговите на добро расположение, од времето на неговата младост и животот на море.

Во куќата имаше уште една мала соба, на чиј ѕид беше закачена една слика без рамка, на поморска битка во близина на островите Хедер. На сликата беше прикажана регатата Наиад, придружувана од бродовите Самсо, Киел и Лоланд, во страшна битка со британски брод од класата Диктатор и бродот Калипсо, во еден тесен залив, како го разнесува Наиад на делови. Имињата на бродовите беа испечатени на долниот раб од сликата.

На самата слика можеше малку да се види освен јарболите и топовите и збрка од чад, но со оваа слика девојчето живѐше сите години на нејзиниот живот и многупати стоеше пред сликата и се бореше против Англичаните. Војниците и нивните офицери станаа нај- посакуваниот миг на нејзиниот свет и најголема мечта дека еден ден тие ќе пловат покрај Торунген и дека таа ќе може јано да ги види на палубата…

SKU: 9786082210902 Категории Белетристика, Книги, Класици, Македонски Ознаки: Белетристика, Љубовен роман
Share:
  • ОПИС
ОПИС

Јонас Лие, (6 ноември 1833 – 5 јуни 1908) е норвешки новелист, поет и драмски писател, којшто се вбројува во Големата четворка на норвешката литература од 19 век, заедно со Хенрик Ибзен, Бјорнстјерн Бјорнсон и Александар Киеланд. Во своите дела, Јонас Лие често ја рефлектира природата, народниот живот, како и социјалниот дух на норвешката нација. Неговото пишување често се занимава со семејниот живот во различни контексти, вклучувајки и портретирање на социјалните и интелектуални ограничувања за жените од образованите класи. Лие е сестран писател, либерален и модерен, но исто така и силно поврзан со традицијата.

Кормиларот и неговата жена, од Џонас Лие (1874). Оваа приказна е за норвешката едноставност. Сцената е поставена делумно во Норвешка, делумно во Јужна Америка, каде херојот оди на неговите патувања. Салве Кристијансен ја сака Елизабет Раклев, кој ја знае од своето детство, кое и беше поминато во светилникот на осамен остров, со нејзиниот дедо. Салве е морнар. Тој слуша дека Елизабет е свршена за поморски офицер по име Бек, и во бес оди на долго патување. Подоцна тој открива дека разговорот за свршувачата е лажен; таа ја признава нејзината љубов кон него, и тие се во брак. Тој е со љубоморна, сомнителна природа, и жесток при лутина. Таа често е несреќна, но гледа дека е бескорисно да се однесува пасивно; дека не може да има среќа без взаемна доверба: така таа се враќа и му го покажува писмото во кое таа одбива да се омажи за Бек “затоа што моето срце е на друг”. Убеден, најпосле, во нејзината лојалност, Кристијансен по таа борба ја победува љубомората и конечно е среќен.

На карпестиот јужен брег на Норвешка, покриен со борови, недалеку од питорескниот град Арендал, се из- дигнуваа белите ѕидови на светилниците наречени Го- лем и Мал Торунген, поставени на карпестите острови, секој на островот со соодветно име. Ако пловите покрај помалиот светилник, се чинеше, дека има простор само за кулата на светилникот и за куќата на светилничарот покрај кулата. Кога имаше бура, брановите силно уди- раа по ѕидовите, а орлите и морските птици ноќе често удираа во дебелото стакло и паѓаа мртви. Зиме, целата комуникација со осторовот беше пресечена, дали пора- ди снежните наноси или мразот, не беше возможно да се пројде ниту со чамец или пеш.

Јонас Лие, (6 ноември 1833 – 5 јуни 1908) е норвешки новелист, поет и драмски писател, којшто се вбројува во Големата четворка на норвешката литература од 19 век, заедно со Хенрик Ибзен, Бјорнстјерн Бјорнсон и Александар Киеланд. Во своите дела, Јонас Лие често ја рефлектира природата, народниот живот, како и социјалниот дух на норвешката нација. Неговото пишување често се занимава со семејниот живот во различни контексти, вклучувајќи и портретирање на социјалните и интелектуални ограничувања за жените од образованите класи. Лие е сестран писател, либерален и модерен, но исто така и силно поврзан со традицијата.

Ви Препорачуваме

МОЈОТ ЖИВОТ НА ЧИНИЈА

549 ден
Во Кошничка

МОЛБА ЗА ЕРОС

399 ден
Во Кошничка
Фрида

ФРИДА – или за болката

499 ден
Во Кошничка

ВОДИЧ ЗА ЖИВОТОТ НА ФЕНОМЕНАЛНИТЕ ДЕВОЈКИ

599 ден
Во Кошничка
Книготека ИКОНА |
  • Книги
    • Македонски
      • Белетристика
        • Трилер
        • Романтика
        • Фантастика
        • Раскази
        • Класици
        • Современи
        • Поезија
        • Драми
        • Хумор
      • Публицистика
        • Психологија и Филозофија
        • Теологија
        • Личен развој
        • Уметност
        • Економија
        • Биографии
        • Есеи
        • Креативни
        • Медицина
      • Тинејџерски
        • Романтика за тинејџери
        • Мистерија за тинејџери
      • Детски
        • 0-5 години
        • 6-12 години
        • 6-12 г. англиски
        • Илустрирани книги на англиски
    • Англиски
      • Non-fiction
        • Psychology, philosophy & theology
        • Self-help
        • Economy
        • Biography
      • Teen
    • Француски
    • Италијански
    • Германски
    • Шпански
  • Играчки
    • Бебешки играчки
    • Друштвени игри
    • Едукативни и Креативни Сетови
    • Сложувалки
    • Фигури
  • Подароци
    • Нотеси
    • Постери
    • Ретро постери
    • Брошеви
    • Обележувач за страни
    • Привезоци
    • Свеќи
    • Несесери
    • Паричник
    •  Подметачи за чаши
    • Порцеланска Шолја
    • Ранци
    • Папки
    • Торби
    • Џебни огледала
  • Акции
    • Пакет понуди
  • Иконопедија
  • Login / Register
Кошничка
Затвори
Најава
Затвори

Заборавена лозинка

Немате профил?

Контактирајте не!
Facebook Instagram
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил