Kultura-i-knizevnost_Ivan-Dzeparoski

Култура и книжевност

Ракописот Култура и книжевност од македонскиот врвен филозоф-естетичар, поет и истражувач на културата Иван Џепароски претставува збирка есеи во кои на длабоко ерудитен, прецизен и стилски рафиниран начин се расправа за горливите теми на современата хуманистика. Имплицитна, а сепак централна позиционираност во овие есеи е (на извесен начин донкихотовската) потреба да се протолкуваат актуелните феномени на глобализацијата, масовните медиуми, популарната култура, дигитализацијата, читателовата рецепција и вкусот на публиката, за да може и во нив, и преку нив, и со нив, да се воспостави неопходната вертикала на естетски вредности. (…)

Ракописот на Џепароски е свежо и интересно четиво кое докажува дека филозофската доследност и книжевната ерудитност можат, и вообичаено, одат рака под рака со креативната луцидност, па и со лежерниот хумор и стилска комуникативност со читателската публика. Тој и најсериозните проблеми на современата хуманистика умее да ги објасни прецизно, јасно и прифатливо за читатели кои и не мораат да имаат филозофско-културолошки бекграунд.

Проф. д-р Соња Стојменска Елзесер

250 ден

Автор: Иван Џепароски
Издавач: Магор
Димензии: 17*24 cm
Тежина: 320 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber