Ленинград

„Ленинград“ е маестрален микс на поезија и проза и вредна документарна книга, бележат познатите литературни критичари, а Вишневецки во 2011 година за ова фантастично дело ја доби високата руска книжевна награда НОС (Нова словесност). На само сто и педесетина страници, во ова речиси џебно издание, македонскиот читател ќе биде сведок на длабоките човечки драми од Големата татковинска војна. Ленинград беше под опсада 872 дена, а покрај постојаните бомбардирања и многубројните жртви, тука беше и гладот и студот… Малите количества храна се распределувале со купони и како што покажуваат и официјалните извештаи и писма објавени во книгава, рускиот човек се соочил со голем број на случаи на човекојадство – канибализам. Луѓето за огрев го користеле старинскиот и скапоцен мебел, ги гореле највредните книги, слики и други уметнички дела. Врвните интелектуалци ‒ писатели, лингвисти, музичари, историчари, новинари, аристократи, научници ‒ во годините по Октомвриската револуција репресирани од Партијата и од КГБ, биле во постојана дилема „што да се прави“. „Ленинград“ е напишана во уникатен стил. За да се проникне во длабоките и многуслојни пораки и предупредувања за сегашноста што извираат од ова комплексно уметничко дело, потребно е многу трпение, енциклопедиско знаење, внимателно читање и препрочитување.

300 ден

Автор: Игор Вишневецки
Издавач: Бата прес
Димензии: 154 стр. 12.2 х 17 cm
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber