Lota-vo-Vajmar

Лота во Вајмар

Романот Лота во Вајмар претставува еден вид одговор на познатиот роман Страдањата на младиот Вертер од Гете.

Во овој роман, Шарлота Кестнер, жената во која Гете во младоста бил несреќно вљубен и нивната љубовна приказна била инспирација за тој да ја напише својата славна книга, доаѓа во Вајмар за да се сретне со него речиси четириесет години по нивната последна средба.

Томас Ман, фасциниран од концептот за генијот и богатството на германската култура, во Гете го пронаоѓа овоплотувањето на германскиот културен херој. Лота во Вајмарпретставува живописен двоен портрет, сложена студија за Гете и за Лота. Во романот Гете е претставен од неколку различни перспективи: преку размислувањата на Лота, преку нејзините разговори со оние што го познаваат големиот човек и на крајот преку нејзината директна и конечна средба со Гете, средба по која мечтае и нетрпеливо ја очекува и самиот читател, како крајна дестинација до која не е лесно да се дојде: колку што е пократок патот до неа, толку тој се чини подолг, со што на некој начин авторот укажува на неможноста вистински да се продре до генијот.

Книгата поставува бројни важни прашања за односот меѓу реалноста и уметноста, за вистината постигната преку уметноста, за односот меѓу „реалноста“ на реалните личности и „реалноста“ на фиктивните ликови, и за комплексната позиција на генијот во општеството.

250 ден

Автор: Томас Ман
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 390 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?