majstorot

Мајсторот и Маргарита

Одбиван, премолчуван, забрануван и напаѓан. Тоа е историјата на овој роман. Едно обично, жешко летно пладне, во Москва, започнуваат да се случуваат многу, многу необични работи. Никогаш не разговарајте со непознати. Зошто, така, ете така започнува хаосот. Хаосот кој го создава никој друг, туку Воланд. Воланд, Мефистофел, Ѓаволот лично. Но каков е овој ѓавол, чуден и гротесктен? И од каде во сета таа приказна за неговото лудување низ московските улици, театри, домови и најразлични највисоки институции, се појавуваат Понтиј Пилат и младиот Јешуа? Кој е нивниот удел и врска со московската приказна? А Мајсторот писател и неговата љубена Маргарита? Низ меланжот од приказни, проткаени со многу хумор и иронија, пародија и смеа, смешно и страшно, подбив и (само)критика, се издигнува, на крајот, една нова приказна. Можеби не сосем вистинита, но приказна која не се вклопува во калапите на бинарностите, која донесува една поинаква перспектива на набљудување, ново промислување на Вистината, Убавината, Уметноста. Една поинаква, Уметничка Вистина, која ги пресвртува добро познатите и вечни вистинини, која не дозволува нивно еднаш засекогаш и цврсто утврдување, која е надвор од востановените идеолошки и политички рамки и убедувања. Користејќи го хуморот како најсилно оружје против системите кое се обидуваат да нè задушат, да ја убијат во нас последната капка креативна фантазија, да ни го скројат животот во задушливите кабинети во име на напредокот, Булгаков ја исмева таа нехумана лакрдија, по цена на својот живот, а во име на слободата и правото на избор на сопствената (уметничка) вистина. Не постои историја, туку само Истории. Различни приказни, погледи на минатото и историјата, нивно калкулирање и искористување. Еве одлична прилика да се погледнат нештата од поинаков агол.

500 ден

Автор: Михаил Булгаков
Издавач: Три
Димензии: 14*20,5 cm
Тежина: 430 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?