МОЛИТВАТА И ОБОЖУВАЊЕТО
399 ден
На почетокот, би сакал да разјаснам дека она што јас го подразбирам под “учење на молитвата”, не е обид за оправдување или објаснување на молитвата на спекула- тивен начин. Попрво, би сакал да укажам на она за коешто треба да бидеме свесни и што можеме да го направиме, ако сакаме да се молиме. Бидејќи и јас самиот сум почетник, а претпоставувам дека и вие исто така сте почетници, да се обидеме да почнеме заедно. Не му зборувам на оној чијашто цел е мистичната молитва или повисоките состојби на совршенство, бидејќи овие работи самите од себе поучуваат. Кога Бог допира до нас, или кога ние допираме до Бога, во извесни исклучителни околности, и поради тоа нештата наеднаш ни се откриле со длабочина што никогаш порано не сме ја сознале, или кога наеднаш во себеси откриваме длабина во којашто обитува и од која понатаму исходи молитвата, тогаш неа ништо не ја попречува. Кога сме свесни за Бога, ние стоиме пред Него, Му богослужиме Нему, Му зборуваме Нему.
На почетокот, наидуваме на еден многу важен проблем: состојбата на човекот во која му се чини дека Бог е отсутен. Тоа е она за коешто би сакал сега да зборувам. Јасно е дека не зборувам за вистинско отсуство, бидејќи Бог никогаш не е вистински отсутен, туку за чувството на отсутност што го имаме ние самите. Стоиме пред Бога и викаме кон празното небо од кое нема одговор. Се – вртиме на сите страни, а Него не Го наоѓаме. Што да мислиме за ваквата состојба?
SKU:
9789989213236
Категории Книги, Публицистика, Македонски, Теологија
Ознаки: Православие, Обожување, Молитва
ОПИС