podmetki_za_sonistata

Подметки за соништата

Најстрогиот дел од формата на басната, како нејзин завршен тег, познат под името наравоучение или морална поука (допишана или која се подразбира) со својот збиен диктатја урива претходно внимателно надоградуваната широчина на симболот, отвореноста и сл., целиот арсенал на стилски фигури и смислена и наменски употребувана еквилибристика. Со својата директна, понекогаш невкусно јасна порака, наравоучението тогаш изгледа како религиски канон, политичка догма или уметничка неслобода. Тоа беше причината за патот што го избрав: задржувајќи ги начелата (макар и извесните, основни) на родот, почитувајќи го правилото за присуство на наравоучение, се обидов истото тоа наравоучение, ако не го разбијам барем да го доведам во прашање, и тоа на два начина. Прво, со избор на такви пораки што би биле уверливи и врзани за претходната приказна на басната, но истовремено и повеќезначна, незацементирана, па дури и делива од самата приказна, и тоа во таква мера да постојат како независни целости. Значи, сето претходно наброено – истовремено. И второ, оставајќи ја отворена можноста секое наравоучение да биде заменливо и во никој случај неприкосновено. (Затоа во ова издание сите наравоученија се заменети со нови: овој пат станува збор единствено за цитати. Користени се туѓи зборови како показател на една од безбројте можности за заменливост на моралната поука)… Владислав Бајац

250 ден

Автор: Владислав Бајац
Издавач: Три
Димензии: 14*21 cm
Тежина: 320 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?