Svila

Свила

Дејството во романот е сместено во егзотичниот француски град Лавилдје во втората половина од XIX век. Свила ја раскажува магичната приказна за Ерве Жонкур и неговите патувања во Јапонија, каде што оди да набави јајца од свилени буби за произведувачите на свила во јужна Франција. Книгата е суптилна мешавина од бајка, љубовна приказна и авантуристички роман.

Ова е дело на врвен стилист, напишано со едноставен, на моменти поетски јазик. Свила истовремено е и книга за дијалогот меѓу западното општество и Истокот,при што свилата освен што е точка на средбата, таа е и метафора за прозрачните,недофатливи и понекогаш неискажливи аспекти на животот. Особено се моќни деловите во кои љубовта се согледува како копнеж по недофатливото, а еротиката е подигната на ниво на уметност. Една од оние книги што продолжуваат да се читаат долго по тишината што ја оставаат зад себе.

210 ден

Автор: Алесандро Барико
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 90 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber