tajniot-pat-na-mastiloto

Тајниот пат на мастилото

Расказите во Тајниот пат на мастилото се движат на тенката линија помеѓу комичното во секојдневниот живот и ужасот што луѓето се способни да си го направат еден на друг. Прозите на Кристин Димитрова се како некоја кутија со двојно дно, чиј скриен дел може да биде отворен со ненадеен гест, неочекуван збор, заборавен предмет, навидум безначајно сеќавање. На почетокот од расказите, читателот се соочува со јасен и цврст свет, свет кој навидум не може да биде променет со ништо, се додека некој малечок детаљ или случка не ја превртат актуелната интерпретација на нештата. Овие работи го менуваат воспоставениот поредок на нештата и ликовите одеднаш сфаќаат дека „јасноста“ и „цврстината“ никогаш не биле такви какви што ним им изгледале, сфаќаат дека светот содржи мноштво слоеви и објаснувања, од кои ниедно не е трајно.

Книгата е составена од 21 расказ поврзани на многу дискретен начин. Некои од ликовите од еден расказ, се појавуваат во друг, некои предмети навидум случајно спомнати во една приказна, продолжуваат да постојат во друга…

Затоа Тајниот пат на мастилото може да се чита како еден вид умешна крстозборка-сложувалка во која некои ликови и човечки судбини се вкрстуваат со други, некои делови се затемнети, а некои мораат да останат празни.

250 ден

Автор: Кристин Димитрова
Издавач: Магор
Димензии: 14*20 cm
Тежина: 280 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?