Homo-faber

Хомо Фабер

Романот Хомо фабер е еден од најзначајните романи на швајцарскиот писател Макс Фриш, автор чии главни преокупации се прашањето на идентитетот, индивидуалноста и одговорноста на човекот во светот што се дехуманизира.Романот Хомо фабер е еден од најзначајните романи на швајцарскиот писател Макс Фриш, автор чии главни преокупации се прашањето на идентитетот, индивидуалноста и одговорноста на човекот во светот што се дехуманизира.

Хомо фабер, човекот-творец, е инженерот Валтер Фабер во чиј свет постои само тактилното, мерливото, рационалното; нема судбина, туку единствено математичка веројатност. Неговиот свет го разнишуваат серија необични настани што започнуваат со принудното слетување во Мексико, а завршуваат во Грција, во ироничен пресврт што личи на модерен хибрид на митовите за Едип и за Електра. Универзалните теми на стареењето и смртта, љубовта и технологијата, преку кои Валтер Фабер ја изнесува својата духовна и емотивна преобразба им даваат митолошка димензија на двата болнички извештаи преку кои е раскажана приказната.

„Воздржаната, намерно неемотивна проза го засилува влијанието на фаталистичкиот роман што раскажува за самотијата, љубовта и очајот.“

Booklist

„Главна тема во прозата на Фриш беше индивидуалната борба да се задржи сопствениот идентитет во свет на променети вредности, тоталитарни идеологии и технолошки револуции. Неговите дела имаат повеќеслојна структура, исполнети со параболи и иронија.“

The New York Times

250 ден

Автор: Макс Фриш
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 190 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?