Џенем

Џенем е новела од раниот творечки период на Замјатин, напишана во времето на Царска Русија (1914). Во неа, како и во неколку други свои дела, авторот ја разработува темата на руската паланка низ објективот на гротескниот реализам.

Новелата го претставува животот на еден сибирски воен гарнизон, далеку на рускиот исток, испреплетен со секакви пороци и обвиен во атмосферата на блуткавост и затвореност. Сижето ја отсликува темната страна од дуалниот светоглед на Замјатин: ентропијата. Наспроти енергијата, виталниот принцип, ентропијата води полека кон ужасот на пасивноста, глупавоста, ограниченоста, рамнодушноста.

Иако новелата била примена со одобрување од прогресивната критика, властите го забрануваат нејзиното печатење и дистрибуцијата поради нејзиниот антимилитаристички тон и сатиричниот однос кон паланечкиот менталитет и декадентниот живот на руските воени чиновници. Ова дело го означува Замјатин како еретичко и револуционерно перо во однос на конзервативниот царски систем, исто како што подоцнежниот критички однос кон дегенерираната револуција ќе го смести во редовите на дисидентите и еретиците.

150 ден

Автор: Евгениј Замјатин
Издавач: Бегемот
Димензии: 138 стр. 11 х 18 cm
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber