Гол Ручек
250 ден
Веднаш по објавувањето Гол ручек стана еден од најзначајните романи на XX век, книга што ја редефинира не само литературата, туку и целата американска култура. Се смета за еден од најшокантните романи напишани на англиски јазик. Дрогата, хомосексуалноста, сексот, талкањето, алиенацијата и смртта се постојани теми во делата на Бароуз, но тие маестрално се обработени токму во Гол ручек.
Романот нуди моќно патување во најмрачните длабочини на човековата психа. Гол ручек е вознемирувачка приказна за слегувањето во пеколниот свет на еден зависник од дрога…
„Ремек-дело. Крик од пеколот, сурова, застрашувачка и дивјачки забавна книга која осцилира меѓу неконтролирана халуцинација и безмилосна, прецизна сатира.“
Њузвик
„Ѓаволска алегорија за модерното отуѓување…“
Вил Селф