Мртви души
500 ден
„Мртви души“ е феномен кој и после 175 години од првото објавување се појавува во нашата средина. Во избирачки списоци, во пописни листи, во секојдневниот живот. И не само кај нас. Кога ќе ја прочита оваа книга, читателот ќе помисли дека Гогољ бил видовит. …
Читателу мој, макар кој и да си, макар на какво место да стоиш, макар во какво звање да се наоѓаш, ако си со висок чин или си човек од обичниот народ – ако Бог те описменил и ако ти падне в раце мојава книга, те молам да ми помогнеш…
БЕЗВРЕМЕНСКИ КЛАСИК, ВТЕМЕЛУВАЧ НА РУСКИОТ РЕАЛИЗАМ… ХУМОРОТ НА ГОГОЉ СТАНУВА ЖЕСТОКА ПОЛИТИЧКА И ОПШТЕСТВЕНА САТИРА… ФИЛОЗОФИЈА, САРКАЗАМ И СИМПАТИЧНА ИРОНИЈА. НЕПОВТОРЛИВО РЕМЕК-ДЕЛО НА РУСКАТА И СВЕТСКАТА КНИЖЕВНОСТ Итриот Чичков, со кочија патува ширум Русија, од една во друга губернија и купува „мртви души“. Користејќи ја (според сегашни норми) апсурдната ситуација селаните да бидат сопственост на земјопоседниците чија земја ја обработуваат, како и заспаноста и инертноста на тогашната бирократија на царска Русија, тој е на пат да стане и богат и благородник и славен зет, а и на луѓето да им се прикаже како добротвор кој им ги плаќа даноците за умрените селани – мужици. Во текот на патувањето со кочијата, низ царска Русија сретнува луѓе од различни класи и од секакви слоеви, од најсиромашните до најбогатите. Гогољ го „препишал“ Чичиков од секојдневието на царска Русија, во која на секој чекор владееле митото, алчноста, коцката, пороците, интригите, бирократијата… Како и секаде на друго место. Како во сите времиња.