Смислата на животот
210 ден
Смислата на животот претставува сериозна и истовремено забавна анализа на прашањето за смислата на животот, која нуди мноштво изненадувачки одговори.
Книгата дава преглед како некои од најзначајните мислители во историјата – од Маркс и Шопенхауер до Шекспир, Сартр и Бекет – одговарале на ова суштинско прашање.
Иглтон забележува дека ако нашиот живот воопшто има одредена смисла, таа произлегува од желбата на луѓето да ја создадат, а не од нејзината зададеност. Тој смета дека смислата на животот не постои сама по себе, туку се создава со живеење на животот на одреден начин – преку неговата длабочина, квалитет, разноликост и интензитет.
„Без разлика дали се согласувате со него или не, сепак ќе бидете предизвикани од оваа мала книга.“
Хјустон хроникл
Романот е напишан во епистоларна форма, при што Де Лакло од писмото успева да направи вистински инструмент за психолошка анализа, пренесувајќи ги и најсуптилните нијанси на човековите свесни и несвесни импулси.