Клубот Дима
290 ден
„Ни најпроникливиот читател не може да ги предвиди возбудливите изненадувања на оваа елегантна мистерија.“
Њујоркер
Книга според која е снимен познатиот филм „Деветтата порта“ со Џони Деп на режисерот Роман Полански.
Лукас Корсо е детектив за книги, платеник најмен да пронаоѓа ретки изданија на книги за богати и бескрупулозни клиенти. Откако познат библиофил е пронајден обесен, зад себе оставајќи дел од оригиналниот ракопис на Тројцата мускетари од Александар Дима, го повикуваат Корсо да го потврди потеклото на фрагментот.
Набргу тој е вовлечен во вител во кој се мешаат обожавања на ѓаволот, окултни практики и авантуристички подвизи меѓу ликови кои се неверојатно слични со оние од ремек-делото на Дима.
Со помош на мистериозна убавица именувана според хероина на Конан Дојл, Корсо патува од Мадрид до Толедо и Париз во потрага по злокобен и навидум семоќен убиец.