Косата на моето срце/ The Hair of my Heart
150 ден
Лирскиот првенец на Ронит Бергман на македонски јазик, „Косата на моето срце“ е автентичен ракопис за преселбите и оддомувањата – впечатлива лирска биографија на повторните почетоци во неколку, сосема различни – културни и, бездруго, јазични – контексти (израелски, британски, американски, македонски)…
…Оваа лирика во себе содржи автентично изграден родов принцип: потрага по себеси и тврдоглавото креирање на сопствените, женски и творечки, корени; личниот непокор и храброто (индивидуално) пливање „спроти течението/на реката во мене/ и на таа во која сум“…
…Таа ги презема ризиците на занаетот од прва рака, во што секако од голема помош е нејзиното комплексно и слоевито искуство, што изобилно ги напојува стиховните пулсации…
…Со сојата, обично директна интонација, Ронит Бергман ја поентира неразличноста меѓу животот и песната, мошне едноставно, но затоа впечатливо, откривајќи ја пред себеси и пред читателите моќната, авто-поетилка Равенка „пишувам тоа што сум, сум тоа пто пишувам“…
…Обновата и респектот кон светоста на постоењето. Давањето како доброволен императив. Аскетската посветеност на другиот. Истражувачката по-етика на постоењето. И, конечно, самото творештво како сигнатура на личниот (но, не помалку, женски) непокор…