Југословенството меѓу траумата и идентитетот
315 ден
Книгата Југословенството меѓу траумата и идентитетот тргнува од фактот дека идејата за југословенството во голем степен го има обележано формирањето на културните идентитети на овие простори. Впуштајќи се во реконструкција на оваа идеја, Крамариќ е свесен за проблемите на веродостојноста при нејзиното осмислување.
Како и секоја друга историска или културна траума, соочувањето со југословенството, сепак, е нужно за анализа на современите, често неуспешни обиди за либерализација на општествата. За таа цел Крамариќ ги преиспитува влијанијата на дискурзивните конструкции на идејата за југословенството или нејзината другост.
Крамариќ со својот заводлив есеистички стил предупредува на погубните последици од одложувањето на критичкото промислување на идејата за југословенството.