Литература

Зошто мускетарите се бореле со мечеви?

Александар Дима својот роман „Тројцата мускетари“ го напишал врз основа на „Сеќавањата на господинот Д’Артањан“, измислените мемоари на поручник на Првиот одред на Кралските мускетари.
Основната цел на на овој одред, основан во 1622 година, била да го чува кралот (Луј 14-ти) во мирнодопски услови. Во случај на војна би се придружиле на пешадијата или коњаницата и во кралската палата важеле за елитна единица. Иако биле млади (од 17 до 20 години), сите освен благородничко потекло, имале и војничко искуство.
Според зборовите на лорд Садили, кој го превел Дима на англиски јазик, мускетарите за време на основање на одредот „биле наоружани единствено со најсовремени мускети на кремен“, претходници на денешните пушки. За жал, мускетата, иако способна да го пробие секој оклоп од тоа време, била и исклучително габаритна (долга 2,4 метра и потешка од десет килограми), но и поприлично непрецизна.
На крајот мускетарите кренале раце од мускетите и се наоружале со новоизмислените пиштоли и старите добри мечеви.