Блог, Литература

Интервју со Ана Атанасковиќ, автор на романот „Мојата љубов Никола Тесла“ – Историјата, љубовта и науката се споија во една приказна

Неодамна ја објавивме нашата нова книга насловена „Мојата љубов Никола Тесла“ – приказна за Кетрин Мекмехон Џонсон, приказна за страната на Никола Тесла која помалку ја знаеме. За да ве запознаеме повеќе со оваа приказна, но и за да ви ја доближиме авторката Ана Атанасковиќ го подготвивме ова интервју во кое и поставивме неколку прашања кои вам сигурно ќе ве интересираат.

Што ќе откријат луѓето читајќи ја оваа книга?
– Вистината. Вистината за која долго време не се знаеше и како да не се сакаше да се зборува за неа – имаше една жена по име Кетрин МекМехон Џонсон која беше пријателка на Тесла, сопруга на неговиот пријател Роберт Џонсон која многу години го сакаше Тесла борејќи се со стравот дека не може да и биде возвратено, грижејќи се за него и помагајќи му. Ќе открие и нов аспект на личноста на Тесла, кој навистина постоел и кој исто така бил скриен – неговиот дел од животот кога бил „денди од Петтата авенија“, човек од високото општество кој присуствува на најелегантните и најскапи забави, кој се дружи со уметници и научници т.е Њујоршкиот крем, кога плени со својата харизма и успех.

Која е Кетрин Мекмехон Џонсон?
– Таа е сопруга на поетот, уредник и дипломат Роберт Андервуд Џонсон, отворена, искрена и огнена жена чие семејство по потекло е од Ирска. Таа во некои моменти беше „поголема од животот“, но помина и низ тежок пат на страдање бидејќи нејзината наклонетост кон Тесла не можеше да и се возврати. Според мене, таа е женскиот дел од душата на Тесла.

Никола Тесла е симбол на вечна инспирација, како неговата приказна стана ваша инспирација?
– Уште во раното детство видов статија во научното списание „Галакси“ купена од татко ми (иако со скромни информации, бидејќи во тоа време не беше толку важна) за жени кои биле заинтересирани за Тесла, во која имаше малку напишано за Кетрин. Многу подоцна ми дојде помислата дека Кетрин најмногу го сакала Тесла и тргнав да го проверам. Одев по музеи, патував во САД, ги прелистував архивите таму, читав биографии и весници од тоа време.

Помеѓу документарна и историската граѓа, но и вашиот личен печат, што беше она што успеа да ги обедини сите овие работи?
Ликовите беа живи како што ги опишував, сѐ уште се. Ова е приказна за луѓе кои навистина постоеле, ги живееле своите животи и дале се од себе. Историјата, љубовта и науката се споија во една приказна.

Освен што ја запонзаваме Кетрин и помлаку познатата страна на Никола Тесла, описите на градовите, местата, секојдневието не носат на временско патување. Како ги собравте сите овие податоци?
– Во САД останав два месеци. Патував низ Њујорк, Вашингтон и Филаделфија, како и Рим – сето тоа поради книгата. Отидов во библиотеки, архиви, разговарав со луѓе.

Што е она што тебе најмногу те изненади при истражувањето?
– Повеќе ми беше драго што инстинктивно го погодив ликот на Кетрин Џонсон уште пред да заминам за САД. Проследувајќи ги песните на нејзиниот сопруг напишани за неа излезе дека таа е баш онаква каква што јас ја замислував, а јас тоа не можев да го знам, можев само да го почувствувам.

За крај, дали подготвувате нешто ново?
– Новиот роман е веќе напишан, но ќе почека, сметам дека романот Мојата љубов Никола Тесла заслужува подолготрајно претставување.

*фотограф: Данило Половина

Related Posts