Uncategorized, Блог

Запознај го авторот: Абигејл Дин

Абигејл Дин е авторка на книгата Девојка А: глобален бестселер на Sunday Times и New York Times, неверојатен нов деби-роман кој ќе стане еден од најистакнатите и најпродаваните наслови во 2021 година. Воедно Девојка А ќе биде новата книга во издание на Икона со која ќе ја отвориме новата година, затоа ова е можност одблиску да се запознаете со авторката и содржината која таа ја нуди во нејзината книга.

Кои беа твоите литературни херои додека растеше и кога за прв пат осозна дека сакаш да пишуваш?

Јас бев од оние болно срамежливи деца кое претпочиташе книги пред луѓе, затоа имам доста такви. Моите родители ќе ме однесеа во библиотеката во селото каде што пораснав, а јас ќе почнев да лудувам. Конкретно ги сакав романите на Дарен Шан, Р.Л. Стајнс, Џуди Блум и Мајкл Морпурго.
Сакав да бидам авторка уште од мала, можеби имав седум или осум години. Мајка ми неодамна откри една моја многу рана приказна со наслов Thum-Up Book of Friendship, па би рекла дека е одлична вест тоа што Девојката А подлежеше на внимателно лекторирање.

Девојка А беше предмет на аукција. Какво е тоа чувство за автор дебитант?

Кога се појави веста за аукцијата јас на деловно патување во Индија, со многу непостојана телефонска линија. Можев да видам дека мојот агент ме бара, ама не можев да чујам ништо. Тоа беа напнати неколку часа. На почеток бев толку возбудена што всушност не чувствував ништо. Ќе се разбудев во текот на ноќта барајќи го телефонот, убедена дека не ми се случува тоа што се случува.
Една година подоцна, многу сум возбудена што читателите ќе ги запознаат Лекс и семејствтото Грејси. Тие се вистински во мојата глава, и се чувствувам апсурдно среќна што ќе станат реални и за другите луѓе.

За оние што сѐ уште не ја прочитале Девојка А можете ли да ни откриете како настана ликот на Лекс (Александра)?

Девојка А е Лекс Грејси, која како дете бега од својот семеен дом, ослободувајќи ги нејзините шест браќа и сестри од ограничувачкиот култ на своите родители. Како што се откриваат злосторствата на родителите на Лекс во печатот тој дом станува познат како Куќата на Ужасите. Девојката А се случува 15 години подоцна. Лекс е успешна адвокатка, живее во Њу Јорк и одбива да биде прогонувана од своето минато. Но, кога во затворот умира нејзината мајка, во наследство им ја остава Куќата на Ужасите, принудувајќи ги сите Грејси да се соберат за да одлучат за судбината на семејниот дом.
Девојкта А е приказна за тоа како децата Грејси успеваат да се справат и како не успеваат да се справат со она што им го донело нивното детство. Станува збор за силата и издржливоста на семејството, но исто така и за сеприсутната природа на детството и фактот дека минатото се враќа за да ја прогонува сегашноста.

Користиш различни временски периоди и времеплови. Дали секогаш беше планирано да користиш ваква структура или се развиваше додека работеше на книгата?

Структурата секогаш беше планирана. Додека Лекс се среќава со нејзините браќа и сестри, тие средби ги будат старите спомени, ги размрдуваат долгогодишните битки и сојузи кои Лекс ги сокривала долго.

Дали имаш доволно време за читање? Доколку да кои се најдобрите книги кои ги имаш прочитано во последно време?

Го наоѓам читањето како особено важно за пишувањето, и тоа беше прекрасно бегство годинава. Ги обожував патувањата низ светот со Less (Andrew Sean Greer), Ask Again, Yes (Mary Beth Keane) и Writers and Lovers (Lily King).

Дали можеш да ни откриеш нешто за себе кое читателите не го знаат?

Пораснав во Пик Дистрикт, и еден од омилените начини за минување на времето е планинарење. Немав можност да се вратам дома оваа година, но се уште шетам низ паркот на Јужен Лондон слушајќи подкасти и плејлисти. Тоа е исто така времето во кое ги добивам најдобрите идеи за пишување.

*Превземено од SuffolkLibraries.co.uk

Related Posts